Saturday, April 25, 2015

                       Дигестивниот систем

Дигестивниот систем уште познат како систем за варење или гастроинтестинален систем е систем кај цицачите кој ги опфаќа сите органи кои се вклучени во варењето, транспортот и апсорбцијата на храната.  Преку системот за варење внесената храна во организмот се разложува на молекули кои преку ѕидот на цревата влегуваат во крвта и служат како извор на енергија на телото. Овој систем го формираат две компоненти: Дигестивен канал и жлезди придодадени на дигестивниот тракт.
Истите овие компоненти си имаат и свои подгрупи, со нивни составни делови секој е посебно важен на свој начин.


*Варење во усна празнина

По внесување на храната во усната празнина прво се определува вкусот, од што зависи дали храната ќе биде задржана или отстранета.


Во усната празнина започнува варење на храната. Нејзиниот престој во усната празнина е кус и трае 10-20 секунди. Храната трпи механичка и хемиска обработка. Физичката обработка на храната се состои во нејзиното ситнење (џвакање). При џвакањето храната се навлажнува со плунка.

Плунката (салива) претставува секрет на три                   пара плунковни жлездидоушниподвиличниподјазични

Плунката претставува бистра, безбојна, лесно леплива течност со реакција која може да биде лесно алкална и лесно кисела. Најголем дел од плунката отпаѓа на вода (98, 5-99 %). Остатокот го сочунуваат неорганските материи. Неорганските материи се состојат од солите на натриумкалиумкалциум и др. Во плунката се наоѓа лесно леплива материја муцин. Во процесот на џвакањето храната се натопува со плунка и се формира залак (болус) површината на залакот се обложува со плунка, а присуството на муцинот во залакот му овозможува лесно лизгање низ голтникот и хранопроводот.

* Варење во желудникот

Желудникот претставува дел од дигестивниот тракт сместен меѓу хранопроводот и тенкото црево. Тој служи како резервоар за храна, а во исто време и како место каде што храната се меша со желудочниот сок. Создадената полутечна мешавина на храна со желудочниот сок се нарекува химус. Во желудникот се врши и разложување на некои хранливи материи под дејство на ензими. Храната во желудникот се задржува 4-10 часа.


Желудечен сок. Жлездите на желудочната лигавица дневно лачат околу 1 - 1,5 литри сок. Лачењето е постојано, а во тек на процесот на варење на храна тоа се засилува.

Постојат три вида желудочни клетки.


  • главни - лачат ензими (главно пепсин);
  • обложни - лачат хлороводородна киселина (HCl);
  • споредни - лачат лигава материја наречена муцин.
Желудочен сок е бистра, безбојна течност со силно кисел вкус. Главните состојки на желудочниот сок се: вода, минерални материи, хлороводородна киселина, ферменти .
Желудочниот сок содржи три ферменти.


  • пепсин - пепсинот е протеолитичен фермент. Тој ја започнува разградбата на протеините до албумози и пептони, а целосно разградување се остварува под влијание на протеолитичките ферменти присутни во панкреасниот сок;
  • лабфермент - лабферментот е задолжен за згрутчување и засирување на млекото;
  • липаза - липазата (липолитичен фермент) од желудечниот сок зема учество во варењето на емулгираните масти од млекото разградувајќи ги со глицерин и масни киселини.

*Варење во дванаесетпалечното црево
Врз хранливата каша (химус) што доаѓа од желудникот во дваесетпалечното црево дејствуваат жолчката, цревниот и панкреасниот сок.


Улогата на дванаесетпалечното црево и другиот дел од тенкото црево е значајна, бидејчи во нив продолжува варењето на хранливите материи. Под влијание на цревните и панкреасните сокови, хранливите материи, протеините, маснотиите и јаглехидратите се разложуваат до материи погодни за ресорпција преку крвта и лимфата.



*Варење во тенкото црево
 Во тенкото црево целосно завршува варењето (дигестија) и најголемиот дел од ресорпцијата на сварените хранливи материи. Дневно, околу 9 литри химус патува низ овој дел од системот за варење, од кои само 5% не се ресорбираат преку цревните ресички.
Ензимите од панкреасниот сок го помагаат разложувањето (од видот на хидролиза) на јаглехидратитебелковините, липиди и нуклеинските киселини до нивните мономерни молекули - моносахаридиаминокиселиниглицеролмасни киселини и нуклеотидиЗа разлика од останатите органски молекули во храната, мастите пред да хидролизираат се емулзираат од страна на жолчниот сок. Емулзирањето е разбивање на големите масни капки на помали. Притоа, тие се обвиткуваат со слој од водени молекули, со што стануваат погодни за дејство на липазата. Ова значи дека жолчката не учествува директно во варањето бидејќи не содржи ензими. По извршената варење во тенкото црево, пред да се ресорбира, храната е течна супстанција со млечно бела боја, наречена хилус.


 *Варење во дебело црево
Дигестијата и ресорпцијата на храната завршуваат во дебелото црево. Во отсуство на ензими во цревниот сок од дебелото црево, активна е цревната микрофлора која ги разградува несварените состојки од храната. Како последица се ослободуваат гасови (јаглерод диоксидсулфурводородметаназот и токсични материи, како амонијак скатол итн.). Одделни видови на бактерии учествуваат во биосинтезата на витамините  (КB12B2 и B1). При долготрајна терапија со антибиотици, оваа флора може да се уништи, што е негативна последица.
Во дебелото црево, од несварените состојки на храната, секретите и цревните микроорганизми се формира фецесот. Во него понекогаш можат да се најдат и цревни паразити. Тој се отстранува од организмот преку контракцијата на мазните и напречно-пругавите мускули со процесот дефекација.

No comments: